|
„Нема
никаква потреба да се оди насекаде
во потрага по вистината.
Таа е во вас како Божја искра
но, треба да стане оган“.
- Сатја Саи Баба -
Вистината - Сатја е првиот чекор на духовниот пат. „Кој сум, од каде
доаѓам и каде одам?“
Гледано од нивото на обичната свест, се чини дека постојат многу вистини,
коишто најчесто се спротивставени една на друга. Од лично искуство знаеме
што значи невистината. Народната мудрост вели, дека нејзините нозе се
куси и затоа таа не оди далеку, а постои само за да ја открие вистината.
Но,
Сатја значи многу повеќе од не-лажење. Таа е единствената, универзална,
космичка вистина за Божественото потекло на сe што постои, за единствените
закони кои важат за живиот и „не живиот“ свет, за причинско – последичната
врска меѓу феномените.
Сатја значи дека во основата на се е Творецот, Парабрахманот или Бог.
Таа постои во секој атом на Неговата креација како божествено начело
или Атман и како што вели Сатја Саи Баба: Атманот е конецот кој ги
поврзува сите зрна на ѓерданот во едно единствено Божествено постоење.
Нема
случајности се е Божја промисла, Божествено присуство.
Вистината значи Едност, а таа се согледува дури откако ќе се надмине
двојството. Доброто и лошото, како и сите други парови на спротивности
се само човечки концепти. Бог е едност, Едно без друго.
„Оној
кој ја надминал својата егоистичност,
кој ги победил своите егоистични желби,
ги уништил своите животински чувства и инстинкти,
и се откажал од природната тенденција
да се идентификува со телото,
тој навистина е на патот на Дармата.
Тој знае, дека целта на Дармата е во
соединувањето на бранот со морето,
во стопувањето на Јаството со Надјаството“.
- Сатја Саи Баба -
Правилното дејствување – Дармата значи исправно живеење,
исправно мислење, исправно зборување и дејствување. Исправноста произлегува
од хармонијата
меѓу
човечкото и Божественото, од единството на моралните и универзалните
закони.
Правилното дејствување подразбира апсолутна контрола на мислата, зборот
и делото. Таа подразбира и свесно набљудување на се што не опкружува,
но и на одговорен однос кон себе, кон блиските и кон околина, се до целината
на Универзумот.
Исправните постапки носат исправни последици, а тоа значи дека човекот
има право на слободен избор. Грешките кои ги правиме се патокази на патот.
Тие се најдобрите учители кои ни ја покажуваат врската помеѓу причината
и последицата.
Ако се двоумиме што е добро а што не, нека дејствуваме безинтересно,
а плодовите од нашите дела да му ги препуштиме на Бог.
Тогаш Тој ќе не води кон се повисоките нивоа на сознанието.
„Ако
станете свесни за Божјото присуство во Вас,
а исто така, свесни и за присуството на истиот тој Бог
насекаде, со ништо не ќе можете да ги споредите
Мирот и радоста што ќе ги добиете“.
- Сатја Саи Баба -
Мирот –
Шанти е последица на исправното живеење, зашто мирната совест е предуслов
за спокојство на душата.
Избегнувајќи ги лошите мисли, зборови и дела ние се заштитуваме од нивните
негативни последици, коишто го вознемируваат умот и внесуваат немир во
животот.
Мирот не е цел сама за себе. Тој е предуслов за развој на медитативниот
процес, којшто наместо да се занимава со лошите последици треба да се
посвети на сознанието за Божественото потекло на нештата. Бидејќи само
во смирениот
ум има место за вистината, за Бог.
Саи Баба вели: Сакаш мир? Исфрли го сакам (егото) и ќе остане само
мир.
„Започнете
го денот со љубов,
поминете го денот со љубов,
исполнете го денот со љубов,
завршете го денот со љубов,
тоа е патот до Бог“.
-
Сатја Саи Баба -
Љубовта има многу форми, од онаа на мајката кон детето, на човекот кон
човекот (жената), кон природата..., до онаа највисоката, на човекот
кон Бога.
Вистинската Љубов го следи патот на срцето, а не оној на умот.
Егоистичната, посесивна љубов не е вистинска, бидејќи условува и ограничува.
Само Љубовта која дава и ништо не бара за возврат е слободна и може да
ги открие Божествените врски помеѓу целата креација. Бог е Љубов и секој
дел од Него – Атманот е Љубов.
„Сe’
што ми е потребно е да ме сакате - ни порачува Сатја Саи
Баба - Оној кој го сака Бог ја сака и целата Негова креација.
Животот е игра - играј ја,
Животот е сон - оствари го,
Животот е љубов - уживај во неа“ – кажува Саи Баба.
„Ненасилството
не значи само неповредување
на живо суштество. Вие не смеете да предизвикате
повреда дури ни со збор, поглед или гест.
Толеранцијата, моралната цврстина, смиреноста
ќе Ви помогнат да истраете во ненасилството“.
- Сатја Саи Баба -
Ахимса –
ненасилството е последица на човечката свест, дека се е поврзано со
Божествената душа – Атманот и во се постои Бог.
Тогаш можеш ли да се повредуваш себе си?
За да биде ненасилен, човекот треба да го развие чувството на висока
одговорност кон себе и кон светот во целина за да може да ги согледа
последиците на своите постапки, свесен дека Божјото око нас нe следи
во секој момент и дека пред Бог немаме тајни.
Затоа, да се сакаш себеси значи безусловно да ги сакаш и да се грижиш
за другите: блиските и подалечните, животните и билките и сe што значи
Божја креација.
Бог ги сака оние кои ги сакаат другите, се грижат и се жртвуваат за нив,
а не само за себе.
Така,
петте човекови вредности нас не’ водат до практичното сознание дека
Бог е сепроникнувачката сила во Универзумот којашто е целта на нашето
човечко
постоење.
Учењето на Аватарот Шри Сатја Саи Баба е најдиректниот пат до нашето
Божествено битие.
|