Кој е Саи Баба?

 

“Јас дојдов за да ја запалам светилката на љубовта во вашите срца за да станува се посветла и посветла со секој нов ден; не дојдов да ширам некоја посебна религија заради придобивање популарност или пак за да основам нова секта или вера. Исто така не дојдов за да собирам верници на ново верско учење. Немам намера да собирам ученици, поклоници во некое следбеничко учење. Јас дојдов за да го подучувам човештвото за духовниот принцип на единството, а со тоа за патот на љубовта, големината на љубовта, задачата на љубовта и за давањето на љубов“

- Сатја Саи Баба, 4 Јули 1968 -

"Доколку си муслиман, тогаш биди добар муслиман. Доколку си христијанин, тогаш биди добар христијанин. Ако си хиндус, тогаш биди добар хиндус. Имај целосна вера во твојата религија и води идеален живот. Тоа е вистинското предававање и вистинското ослободување. Следниве водечки принципи ќе ти го покажат патот кон ослободувањето: Заборави на сето страдање, што ти го причиниле другите и сета помош што си им ја дал на другите. Тогаш мирот ќе завладее со твоето срце. Ослободи се од чувствата за одмазда, кога некој ќе ти наштети. Кога некој ќе те повреди, најдобро е да заборавиш и да му простиш за да се намали твоето страдање. Простувањето е многу важно. Простувањето е вистина, правилно дејствување, мудрост, ненасилство и среќа. Простувањето ја зголемува предаденоста кон Бога во вашите срца. Ќе успеете во ова, само доколку развиете љубов кон Бога".

- Сатја Саи Баба, 4 Септември 1998 -

Кој е Саи Баба?

Саи Баба за повеќе милиони луѓе во светот, коишто дошле во контакт со него, е Аватарот на нашето време. „Аватар“ е санскритски термин и значи „инкарнација на Божествената свесност на Земјата“. Тој е обожуван како инкарнација на потполната Божественост. Тој е дојден како духовен учител за да ја издигне свеста на човештвото во овој критичен период во историјата.
Исто како што не може со зборови да се објасни и долови сладоста на шекерот, исто така не е можно со зборови да се објасни Саи-феноменот. Неговата Вистина може да се долови само преку целосно применување на неговата порака во мислите, зборовите и делата во секојдневниот живот. Преку промената на начинот на живеење, полека ја разоткриваме нашата вистинска природа. Тоа е највредното нешто, што ни го дава Аватарот. Подлабокото ниво на неговата порака е дека Божественоста се инкарнирала меѓу луѓето за да ги потсети на нивната божествена природа.
Во основа ние не се разликуваме од него. И ние сме божествени инкарнации. Ова е најважната поука од Багавад Гита (Божествен пев, најважната книга на мудроста од индиската духовна традиција). Саи дојде како духовен учител за да ни помогне да ја препознаеме вистината и човештвото да го вратиме на изворот на Божественоста.

Трите инкарнации на Саи

Исто како Алах за муслиманите, Таткото, Синот и Светиот Дух за христијаните, Јехова за Евреите, Буда-природата за будистите, Ахура Мазда за Парсите, Врвното Себство за приврзенците на Ведантата или Големиот Дух за американските Индијанци, Саи Баба е име за сеприсутна, највозвишена реалност, којашто во повеќе религии се означува како „Бог“. Едната и единствена Божественост зема многубројни имиња и се манифестира во многубројни форми. 250годишниот период на аватарството на Саи започна во 19 век и опфаќа три инкарнации на овој Аватар на Кали добата (според индиската космологија - мрачната доба); целта на неговото доаѓање е повторното воспоставување на правилното дејствување. Сите три инкарнации се нарекуваат Саи Баба, што значи Божествени Мајка и Татко.

Сатја Саи Баба

Сегашниот Саи Баба е роден во1926 година и е втора од трите последователни инкарнации на Саи. Првата инкарнација беше Ширди Саи Баба, којшто го напушти неговото тело осум години пред раѓањето на Сатја Саи Баба. Ширди Саи Баба за време на животот на Земјата поучуваше за Божјото татковство и за братството меѓу луѓето. Тој им служеше на муслиманите и хиндусите во центрлана Индија и долги години живееше во хиндуистички храм и муслиманска џамија. И двете религии го почитуваат името на Саи.

Ширди Саи Баба

Саи во сегашното тело како Сатја Саи Баба живее и во 21 век. Повторно осум години по напуштањето на телото ќе се роди во јужна Индија како третата Саи-инкарнација. Ќе се вика Према Саи Баба и ќе ја заврши мисијата на Саи Аватарот во Кали-периодот, а човештвото ќе го поведе во златното време.

Саи Баба, човек и богочовек

Центарот на сите активности е Сатја Саи Баба, кој уште од рани години на многумина им ја има покажано неговата вистинска природа. Него можеме да го означиме како чиста, целосна љубов, како отелотворување на врвниот мир и среќа, како суштество коешто ја манифестира Божественоста. Тој ја отелотворува секоја благородна човечка особина, а истовремено покажува божествени аспекти, својствени на еден Аватар. Тој во неговата рака ја има моќта за управување со природата. Тој го поседува целото знаење и ги знае минатото, сегашноста и иднината на секој оној, којшто доаѓа кај него. Овие карактеристики на семоќност, сезнајност и сеприсустност се знаци за целосно отелотворување на Божественоста.
Во неговата порака Саи ги поддржува сите вери и ја нагласува единственоста на сите религии и единственоста на Божественоста. Саи Баба живее во ашрамот во Путапарти во мала и едноствна соба, а од утро до вечер им е посветен на посетителите. Тој не е ограничен на неговиот физички облик. Тој дејствува во сите димензии, во грубото и суптилното, се појавува во сонови и визии, во внатрешни искуства и се појавува во неговиот физички облик. Тој е божествен учител, кој ги води неговите поклоници, ги инспирира однатре и им дава надворешни упатства. Тој ги просветлува срцата, ја буди божествената љубов во луѓето и го открива најголемото богатство, бессмртниот Атман, универзалното Себство, присутно во сечие срце.

 

Сатја Саи Организација во Македонија
Сите права задржани

Почетна страница