Здрава исхрана

 

„Понудете му ја храната на Бога пред да ја изедете. Тогаш таа ќе стане чиста и моќна. Кое било нешто, коешто е направено во слава на Бога, е прочистено и му е дадена моќ. Тоа не може да ги загади ниту тој што го извршува или оној што го прима, ниту пак општеството, бидејќи е полно со љубовта кон Бога“.

- Шри Сатја Саи Баба -

 

Колач од крушки


За приготвување на овој колач исечените резанки од крушките се ставаат врз слој од карамела и се покриваат со слој на меко тесто. По печењето колачот се превртува наопаку и е готов за сервирање. Препорачуваме да го сервирате со јогурт.

Состојки:

2 супени лажици мед
2 супени лажици кафеав шеќер
2 големи крушки, исечени надолжно
4 супени лажици маргарин или путер
50 гр. шеќер
3 белки од јајца
125 г брашно
1 1/2 мала лажичка прашок за пециво

Во еден сад растопете го медот со кафеавиот шеќер. Смесата потоа посипете ја во округла форма за печење (дијаметар 20 цм), којашто треба да биде обложена со хартија за печење.
Маргаринот и шеќерот изматете ги пенасто. Потоа напрвете цврст шлаг од белките, а потоа во нив додате ги брашното, прашокот за пециво и циметот. Потоа сите состојки замесете ги во тесто, коешто ќе го ставите врз парчињата крушки. Колачот печете го во рерна загреана на 175 °C околу 50 минути. Потоа оставете го колачот околу 5 минути да се излади и превртете го наопаку. Внимателно извадете ја хартијата за печење. Колачот можете да декорирате со напола пресечени јатки од ореви.

Десерт
 

 

 

Колач од кајсии

Овој заситувачки колач се состои од компактно тесто, поленто со вкусно пире од кајсии.

Состојки:

175 гр. суви кајсии, исечкани
4 супени лажици сок од портокал без шеќер.
6 супени лажици маргарин
4 супени лажици мед
50 гр. гриз
125 гр. брашно плус уште 2 дополнителни супени лажици

Со масло намачкајте четвороаголна форма за печење. Исечканите кајсии варете ги на тивок оган 5 минути. Невпиениот сок истурете го, а кајсиите оставете ги да се исцедат. Во друг сад стопете ги маргаринот и медот, додате го гризот и брашното и направете еднолично тесто. Во формата за печење ставете половина од тестото. Врз него ставете ги кајсиите, а врз нив остатокот од тестото.
Колачот печете го на 200 °C околу 35 минути, додека тестото не добие златно-жолта боја. Потоа оставете го околу 5 минути да се излади и на крај исечете го на осум парчиња. Парчињата ставете ги на кујнска решетка целосно да се изладат.

Десерт
 

 

Крцкави кекси

Овие зачинети кекси се највкусни кога уште се топли и се јадат со зачинет јогурт со цимет. Јогуртот е замена за путер.

Состојки:

175 гр. брашно
175 гр. интегрално брашно
1 пакетче прашок за пециво
цимет и мускатен орев
3 супени лажици маргарин
50 гр. церералии
1 супена лажица исечкани лешници, 3 лажици суво грозје
1 јајце
6 големи лажици полумасно млеко

Состојки за зачинетиот јогурт:

150 мл. јогурт
1/4 мала лажичка цимет
1 лажичка мед

Рерната загрејте ја на 200 °C. Во погоден сад замешајте ги брашното, прашокот за пециво и зачините. Додадете ги маргаринот, церералиите, млекото, лешниците и сувото грозје и направете еднолично тесто.
Потоа тестото обликувајте го во ролна и попречно пресечете го на 14 еднакви парчиња. Сите парчиња намачкајте ги со млеко и ставете ги да се печат во плех врз хартија за печење. Печете ги околу 20 минути.

Кексите послужете ги со југуртот во кој претходнсо сте ги замешале циметот и медот.

Појадок
 

 

Грилуван розев грејпфрут

Сочен појадок, брз за приготвување, а освен тоа многу вкусен.

Состојки:

2 розеви грејпфрути
3 супени лажици мед
цимет за зачинување
гранчиња нане за декорација

Загрејте ја рерната. Излупете ги грејпфрутите и исчистете ги од семките и внатрешните лушпи. Исечете ги надолжно на четири парчиња. Потоа ставете ги во овален сад. Медот помешајте го со циметот и смесата посипете ја врз парчињата грејпфрут. Грилувајте ги во рерната околу 5 минути. Потоа гарнирајте ги со гранчињата нане.

Појадок
 

 

Мусака од леќа (препорака на веб-мастерот)

Ова е класична мусака од леќа, но се разбиа без месо.

Состојки:

Маслиново масло
1 голем кромид
2 главички лук (истолќени)
1 пиперка, исчекана
250 гр. црвена леќа
150 мл. црвено вино
500 гр. домати од конзерва, исечкани
1 супена лажица свежо оригано
сол и мелен црн бибер
2 модри патлиџани
600 мл полумасно млеко
50 гр. путер
4 супени лажици брашно
250 гр. тврд кашкавал, изрендан

Загрејте ја рерната на 220 °C. Во поголемо тенџере загрејте две супени лажици маслиново масло, додате ги исечканиот кромид, лукот и пиперката и динстајте ги на тивок оган. Потоа додадете ја леќата, доматите и виното и остајте состојките да се варат. Потоа додадете го ориганото, додадете сол по вкус како и останатите зачини. Сето тоа варете го, се додека леќата не омекне.
Во меѓувреме во тава за пржење загрејте 2 до 3 супени лажици масло. Модрите патлиџани исечкајте ги на тркалца и ставете ги да се пржат во тавата, но само додека омекнат. Потоа ставети на кујнска хартија да се исцедат од маслото. Маслото што ќе остане во тавата додате го на леќата.
Путерот растопете го во тенџере, ставете го брашното и убаво размешајте го. Со постојано мешање додавајте го бавно млекото и варете го, се додека целата маса не се згусти. Тргнете го тенџерето од оган и додадете две супени лажици рендан тврд кашкавал и сосот зачинете го со зачини.
Во керамичка правоаголна форма за печење наредете еден слој со модри патлиџани. Врз нив ставете слој леќа. Така направете наизменично неколку реда. Последниот ред мора да биде од модри патлиџани. Врз сето тоа истурете го белиот сос, а врз него додадете го ренданиот кашкавал.
Мусаката печете ја на температура од 160 °C околу 30 минути, додека не добие златно-жолта боја.
Муската сервирајте ја со салата и со бегет-лепчиња зачинети со лук.

Главно јадење
 

 

 

Сатја Саи Организација во Македонија
Сите права задржани

Почетна страница