Патување кај Саи Баба

 

За да допатувате кај Саи Баба и да се сместите во неговиот ашрам „Прашанти Нилајам“ (Пребивалиште на врвниот мир) не е потребно претходно најавување. Не е можно да се резервира соба. Сместувањето го координира Канцеларијата за сместување (Accomodation Office) во самиот ашрам.

 

Климатски особености во индиската сојузна држава Андра Прадеш
Климата најчество е сува и топла. Во јуни, јули, август и октомври треба да се смета на повремени напати обилни врнежи.
Најдобро време за патување е од јуни до јануари. Од октомври до јануари температурите се спуштаат на нивото - пријатно за Еврпејците. Од февруари повторно започнуваат горештините со температури и до педесетиот степен во сенка. Поради тоа, Саи Баба од март до крајот на мај престојува во ашрамите во Вајтфилд и Кодаиканал.
Вакцини 
Поради зачестеното менување на здравствените услови во светот (сарс, птичји грип итн.), најдобро е да се консултирате со Вашиот домашен лекар за актуелната состојба.
Визи
За патување во Индија Ви е потребна виза. Повеќе информации можете да добиете во МНР, Индиската амбасада (за Македонија е надлежна Амбасадата во Софија). Најдобро е да ги контактирате членовите на Саи Организацијата.
Потребности за сместување и престој во ашрамот во Путапарти
Една фотографија за пасош за документацијата во ашрамот (неопходно).
Катанче со шифра или со повеќе клучеви (доколку добиете соба во ашрамот).
Јаженце (за обесување на алишта за сушење и на мрежата за комарци).
Сапун или прашок за перење во тубичка за перење на алиштата.
Џепно ноже и прибор за јадење (по можност и пластична чинија), доколку сакате да јадете и в соба.
Рамно перниче за седење. Во Индија речиси секогаш се седи на земја.
Едноставен мал прибор за шиење, зашто индиската облека честопати е нестабилно сошиена, па се случува штеповите од носење да почнат да се отвораат.
Ластичиња или стегачи за прицврстување на долга коса.
Препорачливо е да се понесе и шапка или капчиња, поради силното сонце.
Удобни и отворени сандали.
Земете и нешто постелнина. Еден или два чаршави, тенка вреќа за спиење и навлака за перница.
Доколку бидете сместени во шед (простории каде што спијат неколку десетина луѓе), ќе морате во селото да си купите душеци и мрежи за комарци. Во собите обично има кревети со релативно добри душеци.
Патување до Индија

Од Македонија се уште нема директен лет до Индија, така што ќе морате да ги користите аеродромите во поголемите европски градови (Фракфурт, Рим, Париз, Цирих итн.) Најновите информации можете да ги добиете во туристичките агенции. Најпрепорачливо е да се лета до Бангалор или директно до Путапарти. Летовите од Бомбај до Путапарти се сезонски и подложни на измени. На аеродрмот во Бомбај морате да се префрлите на аеродромот за домашни летови (на располагање стои бесплатен шатл-автобус).

Од Бангалор до Путапарти можете да стигнете со такси или со меѓуградски автобус. Возењето со такси трае околу три и пол часа, додека на автобусот му треба најмалку пет и половина, но затоа е значително поевтин.

Менување пари 
Препорачливо е нешто пари да смените веднаш по пристигнувањето во Бомбај/Бангалор. Менувачниците на аеродромите се отворени 24 часа дневно. Пари можете да размените и во ашрамот во филијалата на State Bank of India, спроти јужноиндиската кантина. Најприфатени странски валути се еврото и доларот. Банки и менувачници има и во селото Путапарти.
Каде престојува Саи Баба? 

Најголемиот дел од годината Багаван Шри Сатја Саи Баба го минува во неговиот ашрам во Путапарти. Од време на време Саи Баба го напушта ашрамот на неколку денови или недели. Тој се сели во Вајтфилд или посетува други градови во Индија. Овие патувања се спонтани и поклониците не добиваат претходно информации за патувањата на Саи Баба.

Саи Баба за време на летните курсеви, почетокот на мај, Саи Баба најчесто се наоѓа во Вајтфилд. Од почетокот до средината на јуни повторно се враќа во Путапарти. Сместувањето во ашрамот во отсуство на Саи Баба е дозволено само за најмногу три дена (регулатива од 1999 година). Актулени информации за тоа каде се наоѓа Свами можете да добиете и на Интернет: Where is Swami?

Вајтфилд
Ашрамот во Вајтфилд (Whitefield) не е толку простран како оној во Путапарти. Поради тоа што сместувачките капацитети се ограничени, поклониците често пати мораат да се сместуваат во приватните пансиони во селото Вајтфилд. Исто така постои и ограничен број на хотелски соби. Цените на сместувањето се значително повисоки во однос на оние во ашрамот, така што престојот може да излезе многу поскап, отколку што сте планирале претходно. Имајте го ова на ум, кога ќе ги правите пресметките за патувањето во Индија.
Пријавување во ашрамот во Путапарти

По пристигнувањето во ашрамот, морате веднаш да се пријавите во бирото за сместување на гости - од 8 часот наутро во House Nord 8, соба А01. За пријавување морате да имате една слика за пасош.

За сите новопристигнати информации се нудат во салата над северноиндиската кантина.

Гостите во ашрамот, кои се помлади од 25 години можат да престојуваат исклучиво во придружба на членови од нивното семејство или во група. За ова правило нема исклучоци!

Најнова регулатива е, дека едно лице во ашрамот годишно може да престојува најмногу 31 ден. Овие денови можете да ги поделите во рамките на една година. Административната година во оваа регулатива започнува во јуни.

Сместување во ашрамот

Постојат две можности за сместување. Или во соба или во шед. Во една соба можат престојуваат најчесто две лица. Постојат соби и со по осум кревети.

Во шедовите (освен санитарен јазол) нема ништо. За да спиете во шед, потребен Ви е душек, што можете да го изнајмите во селото како и мрежа за комарци. Во шедовите за жал нема електрични приклучоци.

Деца во ашрамот 
Во основа децата во ашрамот се добредојдени. Раздвојувањето по пол важи за поголемите деца. Помалите момчиња (до осум годишна возраст) можат да седат со нивните мајки на женската страна. Старосната граница за децата, сепак директно ја утврдува дежурниот сева дал. Родителите се обврзани да внимаваат на своите деца да не ги вознемируваат останатите. Сева дал-персоналот обично ги замолува мајките со деца кои плачат, да го напуштат местото за даршан.
Дневна програма во Путапарти 

05:20 часот во мандирот: Омкар, 21 пат Ом, Супрабатам; на крајот следува нагарасамкиртана пред портата Ганеша и потоа се кружи околу мандирот.
околу 05:15 пред мандирот се редат жените.
околу 7:00 во Саи Кулвант: даршан.
08:00 секој ден во салата над северноиндиската кантина: пречек на новодојдените.
09:00 во Саи Кулвант: пеење баџани и арати.
13:00 редење на жените за попладневен даршан пред мадирот.
околу 14:00 во Саи Кулвант: даршан.
17:30 во Саи Кулвант: вечерни баџани и арати
18:00 во мандирот: медитација.
19:15 во салата над северноиндиската кантина: предавања за духовни теми.
21:00 време за спиење.

(Внимание: Времињата на дневната програма може да се сменат. За време на празниците важи поинаков распоред)

Даршан

Даршан (кога поклониците го гледаат Саи Баба) има двапати дневно - изутрина околу 7 и попладне околу 14 часот. Пред драшанот поклониците се редат во редови (Lines) за да влезат во халата Саи Кулвант. Времињата за даршан постојано се менуваат, па затоа најдобро е да проверите веднаш по пристигнувањето, дали има нов распоред. Кога редовите ќе се пополнат, на задоцнените поклноци ќе им биде дозволено да присуствуваат на даршанот дури откако во Саи Кулвант ќе влезе и последниот ред. Ве молиме даршанот на Саи Баба да го примите молчејќи, во контемплација или медитација.

„По мојот даршан, побарај мирно место, каде што ќе можеш да седнеш во тишина за во целост да го примиш мојот благослов. Кога минувам крај тебе, од мене се шири енергија. Доколку веднаш почнеш да разговараш со други, ја губиш енергијата и во истиот момент таа повторно ми се враќа мене. Биди сигурен, дека сето она што го гледаат моите очи повторно заживува и се преобразува. Па така се трансформираш со секој нов ден. Немој никогаш да го потценуваш она што се постигнува со мојот даршан. Моето постоење меѓу вас е подарок, по когошто копнеат и боговите од највишите неба. Оваа милост вие овде ја добивата секој ден; затоа бидете благодарни. Благословот што го добиваш овде, ќе се манифестира во вистинскиот момент од твојот живот. Но, сепак, потсетувај се постојано на ова: од оној кој многу добива, многу и ќе се бара“
- Сатја Саи Баба (извор: Порака на англиски истакната во ашрамот во Вајтфилд)

Сева
Секоја жена, којашто сака да прави сева е секогаш добредојдена во западната кантина. Секој ден мораат да се сечкаат огромни количества зеленчук за приготвување на оброците на гостите во ашрамот, кои доаѓаат од западните земји. По оброците зад салата за јадење се трупаат чинии, лончиња и прибор за јадење, кои треба да бидат измиени и подготвени за следниот ден. Од недамна на мажите им беше забрането да прават сева во западната кантина, така што целата работа ја вршат жените, кои престојуваат во ашрамот.
Облекување 

Ве молиме да се облекувате постојано во чисти и ненападни алишта. Мажите носат бели пантолони и кошули, што можат да ги купат во ашрамот. Жените носат панџаби, сари или долги фустани. Важно е облеката да не биде многу тесна или проѕирна. Облека можете да купите во шопинг центарот во ашрамот или надвор во селото.

Жените во ашрамот мораат да носат ракави долги до лактите и фустани, долги до зголобите на нозете. За влез во мандирот и Саи Кулвант жените мораат да имаат и шал кој ќе им ги покрива рамената.

Ноќен мир 
Во шедовите во 21 часот се гаси светлото, а мир мора да владее и во целиот ашрам.
Телефонирање 

Пред зградата Nord 1 има пошта, доколку сакате да телефонирате во Македонија или доколку Ви се потребни поштенски марки. Мрежа за мобилна телефонија има, но се препорачува исклучително дискретно да се користат мобилните телефони (некои европски телефони не функционираат во Индија, поради различните стандарди во мобилната телефонија). За време на даршан НЕ Е дозволено користење мобилни телефони.

При подолги престои во ашрамот, можете да добивате пошта. Пратките се подредуваат во посебни фахови по абецеден ред.

Потврдување на авионската карта 
Не заборавајте 4 до 5 дена пред полетувањето од Бангалор да ја потврдите резервацијата. Во зградата Nord 2 можете да најдете филијала на авио-компанијата Indian Airlines, каде што можете да ја потврдите резервацијата.
Превоз до аеродромот 
Ашрамот не нуди такси услуги. За да го организирате превозот до аеродромот, контактирајте некоја такси служба надвор од ашрамот.

 

Сатја Саи Организација во Македонија
Сите права задржани

Почетна страница