Несебично
служење - СЕВА
|
„Несебичното
служење е највеличествениот пат кон Бога“. Исус
ни порача: Сева
е љубов на дело со чист мотив, Божја љубов, којашто може да се
види и почувствува во целата нејзина полнотија. Кога
на гладното дете ќе му дадете млеко, или пак на оној што смрзнува
на улица му подарите ќебе, не е ништо друго туку давање божествен
подарок на друг божествен подарок! Вие давате подарок на друг божествен
принцип! Бог е оној кој служи, но ви дозволува да кажете, дека
вие служите!
Бог преку нас дејствува во креацијата, тој ги користи нашите срца и раце, коишто мораат да бидат чисти за да ги вршат божествените дела. Најдобар начин за нивно прочистување е правењето сева. „Служењето
во сите негови облици најпрво е садана, духовна дисциплина, духовно
прочистување и чистење. Без оваа инспирација и без овој мотив,
желбата да им се служи на ближните би можела да се претвори во
возгордеаност“.
Секому
му е исклучително тешко „несебично“ да служи; значи да служи без
притоа да се фиксира на плодовите од неговите дела и ним да им ги
препушти на Бог. Сатја Саи подучува:
Бог
им служи на луѓето. Тој ни дозволува да искусиме што навистина значи
несебичното служење - богослужба. Служењето не е „понижувачката“
форма од она што го работиме, туку тоа е највозвишениот облик на
нашата човечка природа, израз на нашата внатрешна Божественост, нашето
вистинско битие.
Саи
Баба постојано не потсетува, дека не треба залудно да трошиме ниту
еден миг од времето, зашто времето е Бог. „Одете полни со
верба, со чисто срце и непоколеблив дух по патот на несебичното служење.
Првиот чекор е зајакнувањето на вербата“.
Несебичното служење (сева) ги надминува границите на социјалната работа. Квантитетот на направената сева и промената на животните услови на луѓето, на кои им служиме, не се мотивот или целта на нашите заложби. Севата е внатрешно доживување, коешто е насочено кон тоа, низ сето она што го правиме да се исполнува Божјата волја. Затоа треба да се ослободиме од егоистичните потреби и целосно да се насочиме кон Божјиот глас. Притоа од голема помош можат да бидат повторувањето на Божјото име за време на служењето или молитва којашто излегува директно од срцето.
Севата
е клучот за надминување на ставот „Јас“ и „Мое“. Севата ни ја подарува
свесноста за единството, поврзаноста со Бог. На Запад постои тенденција
за трупање материјални богатства, за разлика од источниот свет, каде
што традицијата акцентот го става на духовните вредности.
- Членови на Саи Организацијата спроведуваат сева хуманитарни проекти -
За да го отворите сајтот на Сева Крилото на Светската Саи Организација кликнете тука...
|
Сатја
Саи Организација во Македонија
Сите права задржани