Висок владин претствник на Обединетите
Арапски Емирати во посета на Багаван Баба |
|
Шеикот
пристигнува во Прашанти Нилајам (слика лево).
За конференцијата во тоа време (февруари, 2005) во Дубаи известуваа повеќе медиуми на англиски и урду. Подолу извадок од весникот „Калиџ Тајмс“. „Калиџ Тајмс“ напиша:
Во поздравниот говор шеикот Нахјан рече: „Оваа конференција за ОЧВ посочува на тоа како образованието на младите луѓе може да ги шири вредностите како што е мирот, вистината и ненасилството. Овие вредности се исто така јадрото на визијата на нашата земја за нејзините сегашност и иднина ... Денеска на оваа конференција ќе имате можност да размислувате за тоа како училиштата, факултетите, персоналот и наставните програми можат да ги подготват студентите да ги разберат и да ги променат овие универзални човечки вредности како основа на нивниот морал, работа и исполнетост на животот.“ Претставувајќи го трудот „Преглед на програмата за Образование за човечките вредности“, Анџела Лорен Бероуз, меѓународен инструктор за ОЧВ рече: „Живееме во свет на огромни научни и технички промени. Откритијата во медицината и науката и напредокот на компјутерската индустрија го трансформираа животот на милиони луѓе на Земјата. И покрај овој развој, мораме да се запрашаме: ’Дали сме стигнале поблизу до создавање мирни и хармонични општества, коишто треба да им ги оставиме во наследство на нашите деца?’ Одговорот е ’не’. Постои криминал и насилство како никогаш досега.“ Таа додаде дека ОЧВ е програма којашто треба од децата да ги извлече вредностите. „Учењето треба да биде радосно и возбудливо искуство, патувања и истражувања“ – нагласи Анџела Лорен Бероуз. На конференцијата присуствуваа и регионалниот координатор за Средниот
Исток и заливските земји на САИ групата и претседател на ЏиБи групата
на компании, Чоитрам Џетвани, директорот на Институтот за Саи Образование,
Банкок и директор на Саи Училиштетот, Лодпури, Тајланд, д-р Џумсаи; индискиот
генерален конзул Јеш Синха, професори, академици и студенти од повеќе
земји од регионот.
|
Сатја
Саи Организација во Македонија
Сите права задржани