Успешен
бизнисмен и човековите вредности |
Човечките вредности во бизнис менаџирањето Постојат многу начини на кои човечките вредности: вистина, правилно дејствување, мир, љубов и ненасилство можат да се применуваат во секојдневмиот деловен живот. Има различни аспекти на „човечкиот-менаџмент“. Секоја земја има свој историски или културен бекграунд, па индиските менаџери не треба механички да ги копираат странските искуства, туку при работењето на ум треба да ги имаат индиските национални карактеристики. Постои голема потреба студентите по економија и менаџмент на Институтот Сатја Саи во Индија да ги вметнат основните вредности како што се Сатја, Дарма, Шанти, Према и Ахимса во идното работење. Сите вредности се меѓусебно поврзани. На пример, електричната светилка може да се спореди со Према. За да свети светилката на љубовта, треба да има сијалица. Таа сијалица е Шанти. Сијалицата треба да биде поврзана на електрична жица. Таа жица е Дарма. Низ жицата треба да потече струја. Струјата е Сатја. Со струјата на Сатја (вистината), течејќи низ жицата Дарма (правилно дејствување), поврзана на сијалицата Шанти (мир), светилката на Према (љубов) ќе засвети и ќе ја разлее светлината. Сатја, Дарма, Шанти и Према формираат една целина и претставуваат вредности што се неделиви. Сите вредности треба подеднакво да се почитуваат. Искреноста во бизнисот е облик на општествено служење Во однос на вистината честопати се вели дека да ја говориш вистината во бизнисот е исто што и да правиш загуби. Но, ова не е точно. И покрај тоа што можат да се јават некои тешкотии, со текот на времето вистината ќе ја донесе наградата. Студентите по економија мораат да ги убедат шефовите во нивните фирми дека практикувањето на принципот на вистина во водењето на сметките и во внатрешната инспекција води кон подобрување на имиџот на фирмата. Дури и оваа политика на менаџирање да не биде исплатлива на почетокот, на долги патеки таа ќе биде наградена. Ова е начин да се мотивира довербата. Водењето на бизнисот со почитување на вистината треба да се гледа како форма на општествено служење и духовна садана (пракса). Во однос на дармата, маркетингот треба да биде фер кон потрошувачите, а треба да постои и коректност и праведност во односот со работниците. Што се однесува до мирот, студентите мораат да сфатат дека не треба да дозволат некоја ситуација да ги извади од колосек. Тие мораат да ја зачуваат смиреноста и да се обидат да истурат масло во немирните води. Во такви ситуцаии треба да се искористи оружјето на љубовта. Братските односи носат индустриска хармонија Према мора да се изрази во светот на бизнисот преку развивање на чувството дека сите оние кои се вклучени во бизнисот – менаџери, работници и останатите – се членови на едно семејство. Сите единки во бизнисот мораат да развијат чувство на братство кон останатите. Со заедничка љубов и почитување ќе се дојде до индустриска хармонија. Во однос на ахимса, а во контекст на индустрискиот менаџмент, може да се каже дека ненасилството има многу пошироко социјално значење од голото неправење некому лошо. Грижата за животната средина и зачувувањето на природните ресурси како што се реките е само еден од начините за применување на принципот на ненасилство. На овие начини менаџерите кои ги практикуваат човечките вредности во исполнувањето на секојдневните задачи во бизнис светот на луѓето и на нацијата би им направиле големо добро. Студентите по економија и менаџмент исто така треба да развијат цврста верба во Бог и да ги извршуваат работните обврски во деловниот живот со чувство на посветеност кон работата и во духот на служење на заедницата. Говор на Сатја Саи Баба на семинар за студентите на Факултетот за бизнис
и менаџмент, Шри Сатја Саи Институт на 10 февруари 1990 година.
|
Сатја
Саи Организација во Македонија
Сите права задржани